Шефот на тимот на Рено во Формула 1, Сирил Абитбул, ги негираше тврдењата на Верстапен дека најновата верзија на моторот не работи при голема надморска височина. Тој го советува Макс да се фокусира на автомобилот.
Вчера пилотот изјави, дека Ред Бул се вратиле кон претходната спецификација бидејќи сегашната верзија прави проблеми на високите писти како што се во Мексико и Бразил. На тоа првиот човек на Рено на денешната прес конференција во Сочи даде негово објаснување.
„Зголемената моќност што ја остваривме треба да биде иста како во Мексико. Не се согласувам со слични коментари и мислам дека Макс треба да се фокусира на болидот“ – вели Абитбул.