Напаѓачот на Баерн Минхен, Садио Мане е уште еден чекор поблиску до трансфер во Ал-Наср, откако се појавија информации дека неговиот агент заминал за Јапонија.
Агентот на 31-годишниот Сенегалец ќе се сретне со преставници на саудискиот клуб оваа недела во Токио за да разговара за условите од трансферот. Се зборува дека Ал-Наср е подготвен да плати 32 милиони евра плус бонуси за слободата на Мане.