Раководството на Ајакс не може да крене глава од заинтересирани агенти на големите клубови кои оваа зима сакаат да земат неколку фудбалери од првиот тим на холандскиот гигант. Токму од таа причина, тимот веќе ги одреди цените на неколку свои првотимци.
Последен во редот е Матијас де Лигт, за кого интерес има кај екипата на Барселона, но исто така и кај Јувентус и Манчестер Сити. Младиот 19-годишен дефанзивец моментно е проценет на 60 милиони евра.
Од Ајакс истакнаа дека за понуди под оваа сума нема воопшто да разговараат.