Холандскиот Ајакс го пречекува Јувентус во една од најинтересни четвртфинални дуели од Лигата на шампионите. Мечот се игра на „Јохан Кројф Арена” во Амстердам.
Холандскиот клуб направи сензационален пласман во оваа фаза на ЛШ, откако го елиминираше Реал Мадрид во 1/8-финалето, а Јувентус го елиминираше другиот мадридски клуб по незаборавен реванш во Торино. Двата тима се сретнале 12 пати меѓу себе, балансот е во корист на италијанскиот тим – 6 победи, 4 нерешени и 2 порази, што го става во улога на фаворит за краен победник во дуелот.
Од создавањето на Лигата на шампионите во 1992 година двата тима се сретнале седум пати меѓусебно, а Ајакс нема победа, а еден од двата нарешени натпревари е финалето во 1996 година, кога Јувентус го освои трофејот по изведување на пенали.
До последен момент навивачите на „Старата Дама” беа загрижени за состојбата на мегаѕвезда Кристијано Роналдо, кој буквално сам го елиминираше Атлетико со хет-трикот на „Алијанц Стадион“, но Португалецот се опорави од повредата и најверојатно ќе започне од првата минута во Амстердам, откако ги пропушти последните четири натпревари во Серија А.
Во последен момент сепак од составот отпадна искусниот дефанзивец Џорџо Киелини, кој се повреди.
Надвор од комбинација за составот на Масимилиано Алегри поради повреди исто така се Мартин Касерес, Хуан Куадрадо и Андреа Барѕаљи, а под знак прашање се Даглас Коста, Емре Чан и Матија Перин.
На левата бековска позиција се враќа Алекс Сандро, кој ќе биде партнер во одбраната со Даниеле Ругани, Леонардо Бонучи, Жоао Кансело.
Во средината ќе дејствуваат Блез Матуиди, Сами Кедира и Миралем Пјаниќ, а нападот ќе водат Роналдо, Марио Манџукиќ и Федерико Бернадески, кој ќе добие шанса пред Паоло Дибала, како што се случи и на натпреварот со Атлетико. Младиот Моис Кин, кој добива шанса да игра во отсуство на Роналдо, ќе биде резерва.
Во составот на Јувентус Матуиди и Бернадески ризикуваат да го пропуштат реваншот, ако добијат жолти картони и тоа може да наметне некакви измени на очекуваниот состав.
Во составот на Ајакс единствениот од вообичаените стартери, кој ќе отсуствува поради казна е марокански фудбалер Нусаир Мазрауи. Останатиот дел од екипата ќе бидат стандардните играчи предводени од тренерот Ерик Тен Хаг. Лошите веста за Холанѓаните се голем број играчи кои висат со картони за реваншот. Тоа се Хаким Зиеш, Метијс де Лихт, Дејли Блинд и Николас Таљафико.
Можни состави:
Ајакс: Онана, Кристенсен, Лихт, Блинд, Таљафико, Ван де Беек, Јонг, Шоне, Зиеш, Тадиќ, Нерес.
Јувентус: Шчесни, Сандро, Ругани, Бонучи, Кансело, Матуиди, Кедира, Пјаниќ, Роналдо, Манџукиќ, Бернадески.
Мечот во Амстердам ќе го суди Де Черо од Шпанија.