Холандскиот дефанзивец, Нејтан Аке, ја продолжи соработката со англискиот шампион Манчестер Сити до летото во 2027 година, објавија денеска медиумите.
Фудбалерот кој може да игра како стопер и воедно како десен бек, има реалзирано 50 мечеви за „граѓаните“ и постигнато четири голови. Тој во 2020 година беше купен од Бурнмаут.
„Да се биде фудбалер на Манчестер сити е нешто неверојатно. Горд сум што го носам дресот“ – изјави Аке на чинот на потпишување на новиот договор.