Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри вели дека во сабота неговиот тим го очекува тешка средба со Фиорентина. Традиционално, „бјанконерите“ играат прилично тешко со „виолетовите“ смета тренерот на Јувентус и го смета тимот од Фиренца како незгоден противник.
„Секогаш е тешко за Јувентус да игра против Фиорентина. Тие имаат добар тренер и млади фудбалери кои играат одлично. Сепак, да потсетам тие не загубија домашен меч и постигнаа 14 гола. Утрешниот меч е најважниот настан за сите во Фиренца“, рече Алегри.
„Тоа е натпревар за нас како сите други. Ќе се соочиме со тим кој ќе се потруди да не победи. За нас, овој натпревар е важен бидејќи Интер и Наполи, исто така, имаат тешки натпревари. Натпреварот ќе биде долг, бидејќи натпреварите во Фиренца никогаш не завршуваат лесно за нас. Мораме да влезем во мечот со голем ентузијазам и да ги покажеме нашите способности “, додаде Алегри.
„Би сакал да им дадам одмор на Џорџо Киелини. Бонучи исто така игра многу и може да се одмори утре. Важно во утрешната средба е да се избегнат потешкотиите. Тоа ќе биде фудбалски празник, бидејќи ќе играме пред полн стадион во Фиренца. Сами Кедера и Алекс Сандро се надвор од комбинација. Емре Чан започна да тренира со тимот и ќе одлучам дали ќе биде на клупата”, заврши Алегри.