Поранешната ѕвезда на Лацио и Милан Алесандро Неста е новиот тренер на Фросиноне, соопшти клубот.
Последен пат Неста беше требер на Перуџа во Серија „Б“, но беше отпуштен на крајот на мај по елиминацијата на тимот во плеј-офот за влез во Серија „А“. Перуџа загуби од Верона со 1:4, а два дена подоцна раководството на клубот одлучи да се раздели со тренерок кој беше светскиот шампион со Италија од Светското првенство 2006 година.
Фросиноне заврши на 19-то место во Серија „А“ и се пресели во Серија „Б“, а целта на Неста ќе биде да го врати тимот во елитната Калчо лига.