Формула 1 тимот на Алфа Ромео во новата сезона ќе има ново име. Како што потврдија од тимот, тој во новата година ќе настапува под името „Стејк Ф1 тим“.
Ова име ќе се користи до 2026 година, кога Ауди ќе има целосно влијание во Формула 1. Алфа Ромео заврши на деветтото место во Светскиот шампионат за конструктори минатата година.
За оваа екипа и следната година ќе возат Валтери Ботас и Гуанју Џо.
„Инспирирани од длабоката страст за брзина, иновации и поместување на границите, сега сме идеално позиционирани да го водиме тимот до невидени височини од 2024 година и пошироко“, најавија од тимот.