Раководството на Реал Сосиедад одлучи да го разреши Азие Гаритано од функцијата главен тренер, а на негово место експресно го назначи Иманол Алгуасил. Според официјалната веб-страница на шпанскиот клуб, договорот со новиот тренер е потпишан до крајот на оваа сезона, со можност за обновување до 2020 година.
Одлуката за разрешување на Гаритано беше донесена по четвртиот пораз по ред во Ла Лига.
„Иманол го познава Реал Сосиедад многу добро, има многу сила, се идентификува со клубот, има големи амбиции“, изјавил претседателот на клубот, Јокин Аперибеј.