Нашиот фудбалски репрезентативец, Езџан Алиоски, со неговиот состав Лидс е на добар пат да избори промоција во англиската Премиер лигата во наредната сезона. Тимот кој има голема традиција во англискиот фудбал повеќе од една деценија се обидува да се врати во елитната конкуренција.
Лидс кој го води познатиот стратег Марсело Биелса, во тековнава сезона има реални шанси да обезбеди место во Премиер лигата, но, ќе мора да остане во победнички ритам и да ја издржи трката со конкурентите. Нашиот интернационалец вели дека тренираат по чест часа дневно.
„За Премиер лигата е рано да се зборува, одигравме 27 натпревари и има долг пат пред нас. Сигурен сум дека никој не тренира повеќе од нас. Во еден ден тренираме и по пет-шест часови“ – потенцираше фудбалерот на Лидс и на македонската репрезентација.