Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер го повреди рамото за време на тренингот и нема да може да игра во следните неколку недели, изјави Јирген Клоп.
Најверојатно Алисон Бекер нема да може да настапи на дербито на Ливерпул со Евертон кое се игра на 17 октомври, како и на средбата со Ајакс на 21 октомври во Лигата на шампионите.
Алисон сигурно ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство со репрезентацијата на Бразил против Боливија на 10 октомври и против Перу на 14 октомври.