Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер забележа 7 одбрани на третиот натпревар од Премиер лигата оваа сезона, вчера против Њукасл Јунајтед кој „црвените“ го добија со пресврт во последните моменти од мечот (2-1).
Според статистичката анализа, овој број на одбрани е најдобар показател за квалитетите на 30-годишниот голман на Ливерпул, кој вчера го собори сопствениот рекорд за најмногу одбранети шутеви на еден натпревар.
Ливерпул се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 7 бодови.