По освојувањето на Супер куп трофејот пред неколку дена, Алкалоид имаше одличен старт на новата сезона.
Екипата од Автокоманда го победи Вардар 1961 (33:30) во рамки на празничното градско дерби од првото коло од новата сезона во македонскиот шампионат со што веќе имаме најава на супер интересно првенство.
Дуелот во „Автокоманда“ беше одлична ракометна битка меѓу двете екипи кои се надигруваа и не дозволуваа некоја екипа да направи поголема предност, посебно не во првото полувреме кео го доби Алкалоид со 18:17.
Во вториот дел се тргна израмнето , но така се играше до 21:21, по што следуваше серија на домашните ракометари кои дојдоа до предност од 24:21 и ја одржуваа до самиот крај. Вардар успеа да намали на 30:28, но не и да дојде до израмнување на резултатот.
Во следното коло од македонската Суперлига која оваа година се игра во нов систем и брои 12 екипи, Вардар на домашен терен ќе се соочи со новиот суперлигаш Борец Фруитленд, додека Алкалоид повторно во домашен дуел игра со Радовиш, овие натпревари се на програмата следниот викенд.