Ракометарите на Алкалоид убедливо славеа во првиот меч против Вест Виена со 38:27 (20:14), во рамките на шеснаестинафиналето на Европскиот куп на ЕХФ.
Македонскиот тим двете средби ги игра на домашен терен во „Автокоманда“, а уште во првата средба направи сериозен исчекор кон пласман во осминафиналето во ова натпреварување.
Сите дилеми беа решени уште по првото полувреме кое го доби Алкалоид со 20:14. Вториот дел помина во уште поголема доминација на Алкалоид кој заигра уште подобро, па дојде и двоцифрена предност (26:16).
Александар Петковски со девет гола беше најдобар стрелец на мечот, а осум постигна Мартин Серафимов, исто колку што имаше и Клеменс Мелешниг кај гостите. Меѓу голманите Иван Галевски го заврши мечот со девет интервенции, а Благојче Трајковски со шест.
Вториот натпревар се игра утре од 19 часот во салата Автокоманда