Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, се осврна на вчерашниот пораз од Андреј Рубљов во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид.
„Ќе морам да работам напорно ако сакам да одам во Рим без да размислувам за подлактицата. Тоа е бавен процес. Морам да бидам трпелив“ – вели Алкараз.
„Тешко е да се игра со Рубљов кога не можете да го извлечете најдоброто. Неговиот сервис беше неверојатен“ – потенцираше Шпанецот.