Иако очекувавме многу поголема борба во финалето на Вимблдон, сепак Шпанецот Карлос Алкараз без премногу мака успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во големото финале на Вимблдон и дојде до победата со максимални 3:0, по сетови 6-2, 6-2 и 7-6/4.
Српскиот тенисер многу лошо го започна натпеварот и правеше многу грешки кои ги казни Алкараз и дојде до предност од 2:0 во сетови откако со идентични 6:2 ги доби првите два сета од овој меч. Новак Ѓоковиќ го одигра добро само треттиот сет кој го загуби на тај-брејк и го загуби со 7:6 што беше доволно за Алкараз да слави во ова финале со 3:0.
Младиот шпански тенисер сосема заслужено го освојува вториот Вимблдон во низа, покажувајќи го својот талент и потенцијал за во иднина. Ова беше реприза на минатогодишното финале, кога Ѓоковиќ исто загуби од Алкараз.