Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз , светскиот рекет број три, имаше само пофални зборови за Италијанецот, Јаник Синер , нарекувајќи го главен фаворит на турнирот во Мадрид.
„Тој не е навикнат да игра во Мадрид. Мислам дека го пропушти турнирот во изминатата година. Сега неговиот прв натпревар беше импресивен“ – вели Алкараз.
„Да, секако, го гледам за најдобар играч кој го освојува секој турнир на кој игра. Ќе се обидам да го покажам мојот најдобар тенис. Ќе се обидам да не му дозволам да освои повеќе титули но, сега е тешко“ – изјави Алкараз.