Тренерот на Баер (Леверкузен) Чаби Алонсо изјави дека неговиот тим не можел да го издржи притисокот против Аталанта (0:3) во финалето на Лига Европа.
„Мораме да и честитаме на Аталанта, тие беа подобриот тим. Противникот делуваше многу интензивно, а ние не можевме да го прикажеме фудбалот што вообичаено го практикуваме. Бевме сигурни во себе, но не се справивме со притисокот да бидеме во финалето“, рече Алонсо.
„Имавме некои проблеми кои не сакам да ги оправдам. Создадовме неколку шанси. Аталанта не притисна жестоко од самиот старт и ја искористи предноста. Ни недостигаше прецизност во последното додавање.
Во фудбалот е многу тешко да се анализира загуба веднаш по крајот на натпреварот. Сега ќе биде тест за нас дали брзо ќе застанеме на нозе, бидејќи во сабота ни претстои уште еден многу важен натпревар“, заклучи Алонсо.
Шпанскиот специјалист веќе размислува за финалето од Купот на Германија против Кајзерслаутерн.