Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, не крие дека е задоволен по вчерашната убедлива победа на теренот на Феенорд со 4-0 во рамките на првото коло во Лигата на шампионите.
„Бевме ефикасни и трпеливи во првите минути, ни требаше малку поголема контрола на топката. Беше тежок м,еч иако резултатот не го покажува тоа“ – рече тренерот на „фармацевтите“.
„Имаме добри играчи кои знаат што треба да направат. Тие се флексибилни и ја менуваат нивната поставеност на теренот“ – изјави Алонсо.