Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо зборуваше пред утрешното полуфинале на Германскиот куп на домашен терен против Фортуна Дизелдорф.
„Со нетрпение го очекуваме натпреварот, Фортуна е многу добар противник, тие се во добра форма. Тие се квалитетен тим со добри играчи. Имаат јасен план за игра, играат со многу посед и се силни на контра – напад, добро сме подготвени за тоа. Утре е полуфиналето, па двете екипи имаат големи шанси да играат во финалето. Ќе направиме се што е во наша моќ да стигнеме до Берлин. Важно е утре да го направиме последниот чекор“, рече Алонсо.
„Играњето во финале е нешто посебно. Купот е нешто посебно. Еднаш бев таму и имам убави спомени од тоа. И има некои играчи во тимот кои беа во финалето на Купот во 2020 година (загубија од Баерн со 2:4).Тие сакаат повторно да стигнат таму и овојпат да победат.
Немаме повредени играчи, сите се достапни и тоа не става во многу добра ситуација. За утре можете да очекувате состав со најдобрите единаесет. Се надевам дека ќе ја прикажеме нашата најдобра игра, а за тоа ни требаат нашите навивачи, со добра атмосфера на „БајАрена“.
Краткиот пат е во купот, а подолгиот е во Бундеслигата. Ниту еден од нив не е лесен, секој е тежок на свој начин. Подготвени сме за сите сценарија, вклучително и пенали. Но нашата цел е да го решиме натпреварот во 90 минути. Добро се снајдовме досега, но со нашите добри настапи досега не освоивме ништо“ заврши Алонсо со најавата на утрешното полуфинале.