Возачот на Астон Мартин во Ф1, Фернандо Алонсо, на две трки по ред не успеа да се качи на подиумот откако на „Силверстон“ заврши седми а една недела претходно во Австрија го обезбеди 5-то место.
„Не сум загрижен за нашиот развој. Болидот е подобар од очекуваното. Ќе биде добро ако продолжиме да освојуваме поени“ – вели Алонсо.
„Одбравме да се префрлиме на меки гуми бидејќи не остана уште многу до финишот. Тоа беше добра стратегија. Се надевам дека ќе бидеме напред во Унгарија“ – изјави Шпанецот.