Аматерската фудбалска репрезентација на Македонија со пораз ги почна настапите на УЕФА Купот на регионите. На мечот со домаќинот на турнирот во Стара Пазова, селекцијата на Србија, избраниците на селекторот Жанко Савов беа поразени со резултат 2:0.
До 80. минута на средбата резултатот беше нерешен (0:0), но во финишот домашните искористија две шанси и успеаја да слават. Головите за Србија ги постигнаа Бариќ во 80’ и Бачвански во 92’.
Во вториот натпреваро од групата, селекцијата на Словачка со високи 3:1 славеше над аматерската селекција на Велс. Во 2. коло Македонија ќе се сретне со Словачка во понеделник.