Данкан Фергусон кој ја има улогата на времен менаџер на екипата на Евертон ќе остане на функцијата за претстојниот натпревар против Арсенал во рамките на 18-то коло од Премиер Лигата.
Веста е потврдена на веб-страната на популарните „карамели“. Легендарниот напаѓач од „Гудисон Парк“ го водеше тимот во последните три средби кога го совлада Челзи и одигра нерешено со Манчестер Јунајтед. Добрата серија беше прекината со поразот од Лестер во 1/4 финалето на Купот и тоа по изведување на пеналите.
Наредниот меч за Фергусон ќе му биде најверојатно и последен бидејќи неговото место ќе го заземе италијанскиот стратег, Карло Анчелоти