Мексиканскиот фудбалски репрезентативец, Ирвинг Лозано, најверојатно ќе добие понуда од италијанскиот стратег, Карло Анчелоти, да се пресели во редовите на англискиот елитен состав Евертон.
Бидејќи играчот на Наполи има премала минутажа на стадионот – „Сан Паоло“, сосема се реални шансите да се определи да ја промени средината.
25-годишниот фудбалер има одиграно 26 средби за калчо-лигашот со ефект од четири голови. Тој две сезони беше член и на холандскиот ПСВ Ајндховен. Тогаш успеа да реализира 60 настапи и да постигне 34 голови.