Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, не присуствуваше на задолжителната прес-конференција по нерешените 1:1 со Ред Бул Салцбург во Лигата на шампионите.
Според „Газета дело спорт“, тренерот на Наполи заминал по веднаш од стадионот по завршувањето на средбата. Играчите го сторија истото. Неговите постапки се сметаат како еден вид протест против претседателот Аурелио де Лаурентис, кој нареди казнен карантин за екипата по поразот од Рома во Серија А.
Претседателот на Напполи е познат по тоа што се меша во работата на тренерот, што не е според вкусот на Анчелоти. Според медиумите во Италија, некои од фудбалерите на Наполи се консултирале со адвокатите за тоа дали нарадбата на еднонеделен камп во базата на клубот е во спротивност со нивните договори. Дејствијата на Де Лаурентис исто така имаат објаснување.
Од конкурент број 1 на Јувантус во борбата за титулата, Наполи сега е на седмата позиција со 8 бода минус во однос на Јувентус. На последните три натпревари Наполи одигра двапати нерешено и еднаш беше поразен.