Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го пофали настапот на тимот против Кадиз, иако неговата екипа загуиби два бода на „Сантијаго Бернабеу“ по нерешениот резултат 0:0. Анчелоти го коментираше и отсуството на дел од играчите поради КОВИД-19.
„Тоа е нешто со кое општеството и секој од нас треба да се справи. Никогаш не сакавме да го одложиме натпреварот. Нашиот тим е способен да го компензира недостатокот на поединечни играчи. Вирусот не е толку агресивен како порано“, рече Анчелоти.
„Се обидовме да победиме, но не ни успеа. Не можам да ги обвинам момчињата. Видов многу позитивни работи. Не ми се допадна само резултатот, едноставно тоа е фудбалот. Некогаш победуваш незаслужено, друг пат играш добро, но не победуваш. Мораме да ја погледнеме табелата и да забележиме дека во оваа фаза наш главен конкурент е Севиља. Имаат многу добри и неверојатни играчи“, изјави Анчелоти.