Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, вели дека неговите избраници можат да им парираат на големите ѕвезди во селекцијата на Полска на утрешниот меч во Скопје во квалификациите за Евро-шампионатот во 2020 година.
Гостите кои се фаворити на хартија во навалниот ред ќе го имаат играчот на Беарн Минхен, Роберт Левановски, кој реално гледано, треба да претставува најголема опасност за нашите голмани.
„Нема да се насочиме само кон Левандовски. Ние секогаш играме тимски и на победа. Моите фудбалери ќе се борат за поволен резултат“ – изјави Ангеловски на денешната средба со новинарите. Средбата меѓу Македонија и Полска ќе биде одиграна утре од 20.45 часот на Арената –„Тодор Проески“ во Скопје.