Селекторот на нашите фудбалери, Игор Ангеловски, задоволен од стартната победата со 2-1 против Ерменија во Лигата на нации, вели дека временските услови влијаеле за осцилациите во нашата игра
„Знаете колку беше топло. Претходно кажав дека е проблем кога фудбалерите не се во форма. За среќа, тоа резултатски не влијаеше. Криво ми е што некој донел одлука да играме во 15 часот и да имаме само три измени“ – рече Ангеловски.
„Пандев не играше бидејќи имаше само четири тренинзи, но, во Грузија ќе биде стартер. Од Шишковски сум задоволен, доби предност пред Илиев бидејќи е во натпреварувачка форма“ – потенцираше Ангеловски.