Селекторот на нашите најдобри фудбалери Игор Ангеловски, очекува победа на утрешниот меч со Летонија на стартот на квалификациите за ЕП 2020.
„Сигурен сум дека ќе имаме успешен старт против навистина тежок противник. Во квалификациите не чекаат потешки противници споредено со Лигата на нации, но, ние сме подготвени за секој противник. Го знам и составот со кој ќе настапиме против Летонија. Тоа ќе им го соопштам на фудбалерите пред утрешниот дуел“ – изјави Ангеловски.
„Ние ќе продолжиме со офанзивен фудбал, тоа е нашата главна цел. Верувам дека можеме да ги освоиме бодовите на дуелот со Летонија“ – изјави нашиот селектор.