Челниците на Рома ја одбиле понудата на Тотенхем за фудбалерот, Николо Заниоло, објави денеска „Скај Италија“.
Во текстот не се отрива висината на предлогот на „спарси“ но, јасно е дека е помал од 40 милиони евра колку што бара „римската волчица“.
Деновиве се појави информација дека за услугите на Заниоло е заинтересиран и составот на Вест Хем.