Што може да направи навивач на Англија покажува примерот на Џејми Ричардсон кој покажал колку го сака својот омилен тим или поточно колку ја сака репрезентацијата на Англија.
На пример, тој е толку сигурен дека Англија ќе ја освои светската титула, па затоа си направил тетоважа со трофејот и со натписот дека Англија е Светски прваи и тоа 21 ден пред финалето.
Тој отишол во студиото за тетоважа во понеделникот по победата на Англија над Панама со 6:1 и побарал тетоважа со трофејот и натпис: „Англија 2018, Победник на Светското првенство”.
„Јас ќе бидам првиот човек со таква тетоважа”, изјавил на пријатели во барот Џејми, кој инаку е фан на Лидс Јунајтед. Но, за сето ова не и кажал на својата девојка.
„Не се сомневам дека многумина од нас го посакуваат тоа, но со овој потег сакав да им покажам на нашите играчи колку фановите на Англија се убедени во нивниот успех. Знам дека некои луѓе ќе ме сметаат за идиот, но не ми е гајле “, рече Џејми Ричардсон за весникот „Сан “.