Аргентина со головите на Лаутаро Мартинез и Кореја славеше со 2:1 на гостувањето кај Боливија синоќа и со тоа за првпат по 15 години замина како победик од Ла Паз. Нејмар постигна три гола (два од пенал) и беше еден од најзаслужните за победата на Бразил на гостувањето кај Перу со 4:2 во јужноамериканските квалификации за СП 2022. Со хет-трикот, Нејмар сега е втор на листата на најдобри стрелци на сите времиња во Бразил, зад неприкосновениот крал на фудбалот, Пеле.
Еквадор по убедливата победа над Уругвај со 4:2 дојде до првата победа во јужноамериканските квалификации, а Венецуела загуби дома од Парагвај со 1:0, додека Чиле и Колумбија одиграа 2:2.