Новиот менаџер на Арсенал, Микел Артета го доби второто засилување оваа зима и тоа повторно во одбраната.
По Пабло Мари, редовите на „топџиите“ се освежуваат со искусниот десен бек Седрик Соареш, кој во Лондон пристигна од Саутемптон. 28-годишниот репрезентативец на Португалија на „Емирати“ се пресели на шестмесечна позајмица, а неделно треба да заработува по 65.000 фунти, додека неговиот досегашен клуб од оваа зделка ќе заработи еден милион фунти.
Артета доби квалитетно засилување во одбраната и заедно со капитенот Белерин ќе треба да ја пополнат десната бековска позиција на тимот.