Фудбалерите на Арсенал од 21.00 часот ќе излезат на мегдан со Порто. Домаќниот ќе се обиде да ја анулира негативата од првата средба кога загуби со 1-0
„Топчиите“ ќе играат против историјата бидејќи победија само еднаш на последните девет натпревари во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тие не влегле во 1 /4 финалната фаза од 2010 година. Двата тима се сретнале седум пати во елитата на стариот континет. Арсенал има три победи, еден дуел завршил нерешено а Порто победил три пати. Гол разликата е 15-5 во корист на англичаните.
За Арсенал во првата постава се очекуваат: Раја, Вајт, Салиба, Габриел, Кивиор; Одегард, Рајс, Жоргињо, Сака, Хаверц и Тросард. За Порто веројатно ќе истрчаат: Коста, Жоао Марио, искусниот Пепе, Отавио, Вендел, Варела, Гонзалес, левото крило Пепе, Консеисао, Еванилсон и Галено. Судија ќе биде Клемент Турпин од Франција.