Лондонски Арсенал синоќа го совлада Шефилд Јунајтед во гостувањето на стадионот Брамал Лејн со 6:0 со што постави рекорд во англискиот фудбал. Имено, „топчиите“ станаа првиот тим во историјата на англискиот фудбал кој победил на три последователни гостувања со 5 или повеќе голови разлика. Претходно избраниците на Микел Артета на гостински терен ги победија Вест Хем со 6:0 и Барнли со 5:0.
Исто така, Арсенал победи на последните четири натпревари со вкупна гол-разлика од 21:1.