Фудбалерите на Арсенал денеска ќе го пречекаат Порто во реванш мечот од 1 /8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони.
Гостите од Пиринеите допатуваа со минимална предност во Англија откако победија на првата средба со 1-0. Тренерот на „топчиите“, Микел Артета, верува дека неговиот состав ќе одговори на предизвикот и ќе го продолжи патот кон пехарот.
„Нивото во Лигата на шампионите е навистина големо. Ќе мора да одиграме многу подобро од првата средба. Верувам дека навивачите ќе ни дадат голема поддршка за да влеземе во четвртфиналето“ – потенцираше Артета.