Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го имаше својот редовен брифинг пред колото во Премиер лигата. „Топчиите“ се во серија од два порази во сите натпреварувања по поразите од Бурнемаут во Премиер лигата и Интер во Лигата на шампионите. Тимот ќе се соочи со Челзи во клучна пресметка за двата тима.
„Во моментов немам поим за Деклан Рајс. Тој не тренираше и ќе видиме дали ќе можеме да го искористиме против Челзи викендов“, изјави Артета.
Каи Хаверц и Микел Мерино имаат мали физички проблеми по пресметката во Лигата на шампионите, тврди шпанскиот тренер. Тирни, Калафиори и Томијасу се надвор од теренот, а Стерлинг не може да игра против својот поранешен клуб бидејќи тоа е договорот за позајмица помеѓу двата тима. Мартин Одегард се врати по порвредата и ќе даде се од себе за да го започне натпреварот. Деклан Рајс останува неизвесен за настап на оваа средба.