Дефанзивецот на Интер, Асамоа го поздрави доаѓањето на Бепе Марота во Милано. Двајцата одлично се познаваат од нивниот заеднички престој во Јувентус.
Во текот на летото, “бјанконерите” не му понудија нов договор на репрезентативецот на Гана, и тој потпиша договор со Интер како слободен агент. Марота, пак по 8 години минати во Торино си замина и одлучи да ја прифати понудата и да дојде во Милано.
Поранешниот извршен директор на Јуве сé уште официјално не започнал да работи во Интер, но во скоро време ќе го потпише договорот.
„За мене е задоволство да работам со него. Марота е голема личност и ако пристигне, ќе биде многу добро и за играчите и за клубот“, изјавил Асамоа.