Напаѓачот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, се соочува со долга рехабилитација во период од девет месеци поради повредата на коленото. Според последните информации, на пријателскиот меч со Арсенал, тој ги повреди вкрстените лигаменти во коленото.
Крилниот напаѓач постигна гол на тој меч со „топчиите“, но подоцна при еден дуел со Пјер Емерих-Обамајанг заработи тешка повреда.
„По тестирањето на коленото на Марко Асенсио, му беше дијагностициран раскинат преден лигамент. Играчот ќе претрпи хируршка интервенција во следните неколку дена“, се вели во соопштението од Реал.