Пред почетокот на вториот дел од сеозната во ЛШ, во интервју за Франс прес, Марко Асенсио напоменува дека Парижаните ги имаат сите квалитети за да го освојат трофејот кој долго време не успева да стигне во нивни раце.
„Со клубот, персоналот и играчите сме на вистинскиот пат, обединети и верувам дека ќе постигнеме големи работи. Сите добро се согласуваме и сме многу амбициозни. Веќе освоивме титула во супер-купот во јануари, а за многу краток период пристигнуваат и битките за титулата во Франција, Купот на Франција и Лигата на шампионите, сите три многу важни. ПСЖ има за цел да ги освои сите натпреварувања во кои се натпреваруваме. Натпреварите ќе бидат тешки и комплицирани“, додаде Асенсио. „Реал е тим кој добро го познавам; играат многу добар фудбал и се многу ефикасни. Ќе дадеме се од себе да се обидеме да одиме до финале“, изјавил Асенсио.