Кошаркарите на Панатинаикос денеска ќе му гостуваат на Макаби Тел Авив во новиот меч од разигрувањето во Евро-лигата.
Натпреварот ќе биде одигран во салата во Белград, поради воената ситуација во која е вклучен Израел. Тренерот на грчкиот тим, Ергин Атаман, е уверен дека неговиот состав ќе го израмни резултатот во серијата со Макаби .
„Секој тим во плеј-офот, освен Реал Мадрид, е под притисок. Се надевам дека ќе одиграме многу подобро. Верувам дека ќе го добиеме четвртиот меч“ – изјави Атаман.