Натпреварот од 1/4 финалето на Купот на Шпанија во кој се сретнаа Атлетик и Барселона е посебен дуел од една интересна причина. Екипите играа на стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао, а Баскијците во продолженијата остварија важна победа од 4:2.
Атлетик Билбао е екипа која упати 29 удари кон голот на Барселона за 120 минути игра. Од нив, само седум шута беа насочени кон противничкиот гол. Овој податок во однос на дозволените удари кон сопствениот гол беше најлош за Каталонците барем од сезоната 2013/2014, пренесува „Опта Спорт“ . Барселона, пак, успеа да упати само седум удари (четири од нив кон противничкиот гол).
Покрај Атлетик Билбао, во полуфиналето на Копа дел Реј веќе се пласираа Мајорка и Реал Сосиедад, а последното место ќе биде пополнето вечерва по натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Севиља.