Атлетико Мадрид има намера да се бори за дефанзивецот на ЦСКА Москва Марио Фернандез , објавија медиумите во Шпанија.
Се тврди дека шпанскиот клуб е подготвен да плати 30 милиони евра за трансферот на бразилскиот фудбалер со руско државјанство. Претходно медиумите објавија дека Фернандез беше внимателно следен од Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Баерн Минхен и Челзи.
Трансферот на 28-годишниот фудбалер се проценува на 25 милиони евра.Претходно беше објавено дека ЦСКА ја разгледува можноста за продажба на дефанзивецот во Зенит на крајот од тековната сезона за 30 милиони евра. Фернандез е во ЦСКА Москва од 2012 година.
Претходно, тој 3 години ги бранеше боите на бразилскиот Гремио. Оваа сезона, Марио Фернандез учествуваше на 27 натпревари од Руската Премиер Лига. Тој има постигнато 1 гол и 6 асистенции.