Екипата на Атлетико Минеиро синоќа се сретна со Баија во рамките на 32. коло на Бразилското фудбалско првенство. Средбата се одигра на теренот на Баија, а домашната екипа водеше со 2:0, но голот на напаѓачот Хулк и двата гола на Кено му дозволија на Атлетико Минеиро да го сврти резултатот 3:2 и да победи на оваа средба.
На два меча пред крајот на натпреварувањето, Атлетико Минеиро има 81 бодн и стана недостижен за своите ривали. На Фламенго (70 бода) му преостануваат само три средби. Атлетико Минеиро по втор пат во својата историја стана шампион на Бразил.
За прв пат таков успех имаше во 1971 година, а еве сега по цели 50 години повторно ја освојуваат титулата. Да потсетиме дека во тимот настапуваат познатите Хулк и поранешниот напаѓач на Челзи и Атлетико Мадрид – Диего Коста.