Јаник Синер од денеска е првиот Италијанец кој застанал на чело на АТП листата. На второто место се проби победникот на Ролан Гарос, Шпанецот Карлос Алкараз додека Новак Ѓоковиќ, падна на третата позиција.
Српскиот тенисер кој помина рекордни 428 недели на првото место, мораше да го прекине настапот во Франција поради потешка повреда и веднаш да замине на операција.
АТП ранкинг:
1.Јаник Синер (Италија) 9.525 поени
2.Карлос Алкараз (Шпанија) 8.580
3.Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.360
4.Александар Зверев (Германија) 6.885
5.Данил Медведев (Русија) 6.485
6.Андреј Рубљев (Русија) 4.710
7.Каспер Руд (Норвешка) 4.025
8 Хуберт Хуркач (Полска) 3.995
9. Алекс Де Минор (Австралија) 3.845
10.Григор Димитров (Бугарија) 3.775