Првата ѕвезда на фудбалсиот состав Челзи, Еден Азар, не сака да ја продолжи соработката со премиерлигашот бидејќи чека понуда од Реал Мадрид.
Белгискиот интернационалец иако има уште година и половина од тековниот договор со „сините“, во континутет споменува дека сака да игра за актуелниот европски првак.
Според одредени извори блиски до клубот, челните луѓе на Челзи ќе бараат околу 100 милиони евра за да го ослободат од обврските Азар кој патем кажано, игра одлично во тековнава сезона.