Некогашниот фудбалски репрезентативец Бобан Бабунски е нов тренер на прволигашот Беса Добри Дол.
Најавената тренерска промена денеска беше официјализирана. Бабунски е искусно тренерско име кое своевремено ги водеше и Вардар и Работнички, а беше и селекторот на репрезентацијата до 21. година.
Последен негов ангажман беше на клупата на Шкупи.