Марио Балотели кој одигра две одлични сезони во дресот на францускиот состав Ница, ќе добие повик да настапи во репрезентацијата на Италија, објавија денеска дел од медиумите во неговата татковина.
Според наведеното, селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини, сака да го повика напаѓачот кој последен пат беше активен со репрезентативните колеги во 2014 година.
Балотели кој досега ги носеше дресовите на: Манчестер Сити, Интер, Милан и Ливерпул, може да се врати во Серија „А “ доколку се остварат шпекулациите дека за неговите услуги се заинтерсирани луѓето од Фиорентина.