Светскиот шампион во Мото Гран При, Франческо Бањаја, имаше голема среќа во вчерашниот инцидент кога падна на патеката во Барселона.
Тој поминал без скршеница на ногата откако беше прегазен од Брејд Бајндер. Возачот на Дукати прво беше пренесен во медицинскиот центар на патеката а потоа во болница.
Таму е утврдено дека има „повеќе повреди но, без скршеници“. Бањаја доцна синоќа со тимот се вратил во Италија.