Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја ја одбрани титулата светски шампион во МОТО ГП класата.
Во последната трка од шампионатот, за Големата награда на Валенсија, возачот на Дукати сфати дека е шампион на почетокот на трката, кога неговиот единствен конкурент за титулата – Хорхе Мартин – излета од патеката. На крајот од трката Бањаја победи во Валенсија и со тоа триумфално ја потврди одбраната на тронот.